Компанијата на најбогатиот човек на светот догодина ќе плати до 800 милиони евра дополнителен данок

од Vladimir Zorba
18 прегледи

Француската групација за луксузни производи LVMH очекува да плати од 700 до 800 милиони евра дополнителни даноци во Франција следната година, откако владата на земјата објави дека ќе воведе привремени давачки за нејзините најголеми компании за да ги зајакне државните финансии.

Главниот финансиски директор на LVMH, Жан-Жак Гижон изјави дека по промените, учеството на Франција во вкупните даноци што ги плаќа LVMH ќе се зголеми од сегашните 40 на 45 проценти, пренесе „Фигаро“.

Гижон истакна дека францускиот пазар претставува само седум отсто од прометот на групацијата LVMH.

Франција минатата недела го претстави нацрт-буџетот со кој се предлагаат повисоки даноци за бизнисите и богатите поединци.

Според плановите на владата во Париз, привремените давачки на повеќе од 400 профитабилни компании со годишен приход од над една милијарда евра ќе донесат осум милијарди евра следната година и четири милијарди евра во 2026 година во француската државна каса, пренесе Блумберг.

Извршниот директор на европскиот производител на автомобили Stelantis, Карлос Таварес, неодамна предупреди дека зголемувањето на даноците за корпорациите во Франција може да ги загрози инвестициите во земјата.

Слични содржини