Компанијата на Ворен Бафет достигна пазарна вредност од еден трилион долари

од Vladimir Zorba
380 прегледи

„Беркшир Хатавеј“ стана нов член на клубот на американски бизнис гиганти чија пазарна вредност надмина трилион долари.

Акциите на холдинг-компанијата во сопственост на милијардерот Ворен Бафет накратко пораснаа доволно во вторникот за да му дадат на конгломератот пазарна вредност од трилиони долари, објави Си-Ен-Ен.

И за прв пат тоа не е технолошка компанија, меѓу кои Епл, Нвидиа и Мајкрософт се на врвот на листата на највредни фирми, од кои сите вредат повеќе од три трилиони долари, додека Алфабет, Амазон и Мета се во групата на оние со повеќе од трилион долари.

Меѓу овие компании, најстара е Мајкрософт, која е основана во 1975 година, додека Беркшир Хатавеј е основана во 1839 година како компанија за производство на текстил.

Нејзиниот сегашен извршен директор, Ворен Бафет, го презеде мнозинскиот удел во компанијата во 1965 година.

Бафет, кој во петок ќе наполни 94 години, ги предупреди инвеститорите во своето годишно писмо на почетокот на годината дека Беркшир „треба да работи малку подобро од просечната американска корпорација“.

„И, уште поважно, треба да работи со материјално помал ризик од трајна загуба на капитал“, напиша тој.

Слични содржини