Компири со рузмарин и лук

од Stefanija Kuzmanovska
225 прегледи

Состојки:

– 6-8 компири

– 4 лажици маслиново масло

– 2 чешниња лук

– сол, бибер, магдонос

– рузмарин

Подготовка:

Излупете ги компирите и исечете ги на четвртинки или по желба. Веднаш зачинете го со сол, бибер, масло и магдонос.

Ставете се во садот во кој ќе печете.

Потоа посипете со рузмарин и печете на 190 степени. Кон крајот додадете сечкан лук и печете уште малку.

Компирите се готови кога ќе добијат убава боја.

Послужете топло како прилог или како главно јадење по желба.

Слични содржини