Компјутерите ги препознаваат лажните профили

од desk3
96 прегледи

Создавањето на лажни профили и нивна презентација со друг идентитет е доста широко распространета практика на интернетот. Таа дури има име: “лов на крап” (catfishing). Ризиците за потрошувачите да бидат измамени од слични профили се прилично големи и затоа експертите се обидуваат да најдат решение, соопштува BBC.Научниците од неколку големи британски универзитети се обучени со компјутерски системи, кои може да ги препознаваат лажните профили на интернет. Притоа точноста е над 90%.  Многу голем дел од профилите во овие сајтови всушност имаат за цел да излежат корисници за пари или услуги.

Научниците направиле анализа на податоците на 5000 потврдени реални профили од сајт за еротски содржини. Тие ги проучувале како мажите и жените од различни возрасти комуницираат со другите, какви пораки пишуваат и каков им е стилот на писшување. Со користените податоци направиле анализа на останатите профили во сајтот.