Компјутерски игри може да се многу повеќе од средство за забава. Преку виртуелните светови често се прават реални симулации на различни ситуации. Освен тоа игрите можат да влијаат и на развојот на човек. А според американската влада, тие можат и да гиучат луѓето како да донесуваат одлуки, соопштува интернет изданието VentureBeat.

Во 2006 г, разузнавачки институции создадоа програмата IARPA Која е слична на DARPA. Нејзината цел е да бара и помага на компании во развој на технологии и решенија кои ќе им помогнат на разузнавачкиот сектор.
Едно од најважните вештини за секој разузнавач е донесувањето на брзи и конкретни решенија. За таа цел се потребни високо развиени когнитивни вештини. Во 2011 година IARPA започнува програма за создавање на “сериозни” видео игри – SIRIUS. Таа има 5-годишен рок за развој на игрите. Користени се 6 фактори кои влијаат на процесот на донесување одлуки. Меѓу нив се влијание од странски мислења, сопствени убедувања, неможност да се видат убедувања на другите, интерпретирање на информациите, така што да одговара на сопственото очекување и др.
Откако игрите се завршени, започнати се и реалните истражувања со нив. IARPA користела стотици волонтери. Сите решавале тестови и се проверуваат во почетокот на експериментот, на крајот и во период од 8 до 12 недели подоцна. Само дел од учесниците ги одиграа игрите, додека останатите гледале видео клипови, кои ги обучуваат на истата тема.
Резултатите се прилично категорични. Сите кои ги играле игрите покажале значително намалување на ефектот од влијание врз донесувањето на одлуките. Во некои случаи тоа било три пати помалку отколку во контролната група. Покрај ова видео игрите се покажале и најдолго “задржување” на наученото. Повеќето луѓе кои ги гледале клиповите, се вратиле на своето ниво пред тестовите по 12 недели. Оние кои ги играле на игрите, сепак, не регистрирале вакво намалување. Во некои ситуации волонтерите дури покажале подобрувања, бидејќи игрите им создале навика која тие ја користеле и во реалниот живот.