Комплетно се дистанциравме од политиките на ВМРО-ДПМНЕ, тврди Таравари

од Vladimir Zorba
187 прегледи

Потпретседателот на АА, Арбен Таравари утрово во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 зборуваше и за коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ.

„Видете, секогаш опозициските партии имаат тенденција за рушење на актуелното мнозинство и нема ништо спорно во тоа, во спротивно, секогаш кога ќе им се даде можност секоја партија во опозиција има се обидува да создаде ново мнозинство со кое ќе го оспори актуелното мнозинство. Ние не сме имале некоја соработка со ВМРО-ДПМНЕ, но сега комплетно се дистанциравме од политиките кои ги спроведува ВМРО-ДПМНЕ“, рече Таравари.

Слични содржини