Тина Тарнер, кралицата на рок музиката, почина на 83-годишна возраст.
Пејачката, која направи многу за уметниците како Мадона, Бијонсе и Ријана кои „немаше да бидат на сцената“ да не беше познатата дива, ќе биде погребана по приватна будистичка церемонија.
Кога станува збор за финансиското богатство на Тина Тарнер, Yahoo пишува дека половина од 250-те милиони долари ќе му припаднат на нејзиниот сопруг Ервин Бах, со кого е во брак од 2013 година, а беа во врска речиси четири децении.
„Бидејќи се омажи во Швајцарија, мислам дека околу 47 отсто од богатството му припаѓа на сопругот, а остатокот на децата“, изјави за Mirror снаата на Тина Тарнер, Афида Тарнер, која беше во брак со синот на пејачката Рони Тарнер, кој почина во 2022 година поради компликации од рак.
Се претпоставува дека дел од наследството ќе ѝ припадне на Афида.
Вториот син на Тина Тарнер, Крег, изврши самоубиство во 2018 година.
Со двата сина кои ги посвои, а кои нејзиниот прв сопруг Ајк Тарнер ги имаше со Лорејн Тејлор, Тина со години не била во контакт.