Кон: Делта видот најмногу ги напаѓа младите луѓе

од Vladimir Zorba
287 прегледи

Членот на Кризниот штаб на Србија, епидемиологот Предраг Кон, рече дека од новата делта варијанта на коронавирусот најзагрозени се младите луѓе, кои не биле вакцинирани. Тој додаде дека симптомите сега се нешто поблаги, но исто така и дека не може да тврди дека смртноста е помала.

– Предупредувам дека кога инфекцијата е поголема, бројот на сериозно болни лица е поголем. Динамиката на сето ова станува незначителна кога се знае дека вакцините се ефикасни и дека мерките се исти – рече Кон.

Тој наведува дека во Србија сè уште не е постигнат имунитет, а во Белград вакцинирани се над 80 проценти од граѓаните во категоријата постари од 65 години.

– Кога ќе погледнете каде ќе оди овој вирус, јасно е дека тој ќе помине низ младите. Се гледа јасна промена кон помлада возраст. А, она што сега се открива, повторно е како на самиот почеток, дека ова се сега помлади луѓе кои имаат почести контакти – рече Кон.

Слични содржини