
Српскиот епидемиолог Предраг Кон изјави дека иако епидемиолошката состојба е „нестабилна, па дури и неповолна“, кривата на бројот на новозаразени со коронавирус се израмнува во Белград.
Тој како гостин на ТВ Пинк оцени дека станува збор за „многу добри вести“, но додаде дека граѓаните сепак мора да продолжат да се однесуваат поодговорно.
Кон додаде дека се надева дека забраните за движење за време на викендите повеќе нема да бидат воведувани, но дека не сака да прави проценки заради претходното предвидување дека ширењето на КОВИД-19 значително ќе забави во текот на летото.
„По укинувањето на вонредната состојба, се појави впечаток дека ризикот поминал. Сепак, се покажа дека не е така. Натпревари, изборни активности, протести и сè на што се собираа луѓето“, рече Кон.
На прашањето дали мисли на демонстрациите што се случија во Србија пред две недели, Кон рече дека сите собири каде што поголем број луѓе се наоѓаат во помала област се ризични.
Тој исто така рече дека очекува драстично забавување на растот на бројот на заразени за четири недели, „не порано“, но дека следната недела граѓаните ќе ги почувствуваат резултатите од воведувањето задолжително носење маски и забраната за собирање повеќе од десет лица.
Сподели дека вонредната состојба била стимулативна за сузбивање на инфекцијата и наведе како пример дека „потребни се две недели“ за воведување нови, поблаги рестриктивни мерки, вклучително и казнени мерки.
„Ние сме многу бавни без вонредна состојба. Јас не го кажувам тоа за д критикувам некој, нега едноставно тоа е така“, рече Кон.