220
Армијата на Руската Федерација денеска потврди ликвидација на странски платеници од Грузија и европските земји во близина на Лисичанск.
Според зборовите на портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков на брифингот со новинарите, руската армија досега ликвидирала 14 странски платеници во областа Лисичанск, пренесува агенцијата „Интерфакс“.
„На 26 јуни, за време на борбите на три километри од нафтената рафинерија Лисичанск во Луганската Народна Република (ЛНР), руските единици уништија две диверзантско-извидувачки групи платеници, вкупно 14 екстремисти“, рече Конашенков.