Вкупниот број на украински воени затвореници, кои се предале или биле заробени, ја надминува бројката од 6.000, изјави денеска портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков.
„Морам да потсетам дека вкупниот број на украински воени затвореници, кои беа заробени или предадени, надминува 6.000“, рече Конашенков, пренесува ТАСС.
Тој исто така рече дека размената на заробеници со украинската страна била организирана и извршена по директна наредба на врховниот командант на руската армија Владимир Путин.
Тој потврди дека вчера биле разменети 144 за 144 војници.
„Оваа одлука е донесена затоа што животот, здравјето и слободата на нашите војници, борци на ДНР и ЛНР, кои го сочинуваат мнозинството од повратниците, се најважната задача“, рече Конашенков.
Тој додаде дека практично сите ослободени се ранети, како и дека веќе ја добиваат сета потребна медицинска нега.