Конашенков: Повеќето украински платеници беа убиени во борба поради слаба обука

од Stefanija Kuzmanovska
325 прегледи

Портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков, изјави дека повеќето платеници во Украина се елиминирани во борбената зона поради нискиот степен на обука и недостатокот на искуство.

„Стотици украински платеници во Украина беа убиени со проектили со голем дострел веднаш штом пристигнаа на воените полигони и единици за обука. Сепак, повеќето беа убиени во борба поради слаба обука. Команданти на единиците на вооружените сили на Украина и Националната Гарда, во која имало платеници, во обид да ги намали загубите на својата армија, не ги штеди странците“, рече Конашенков, пренесува „Спутник“.

Бројот на странски платеници во Донбас е намален од 6.600 на 3.500, а приливот на странски платеници во Украина практично престана од почетокот на мај.

Слични содржини