197
Руското министерство за одбрана денеска соопшти дека руските сили зазеле повеќе територии во Бахмут, додека продолжуваат со обидите да преземат целосна контрола над градот.
„Во правец на Доњецк, напаѓачки тимови ослободија две области во западните делови на Артјомовск (Бахмут) во изминатите 24 часа“, изјави портпаролот на министерството Игор Конашенков, пренесува ТАСС.
Тој, исто така, изјави дека во северните и јужните делови на градот, руските воздухопловни единици обезбедиле засилување на јуришните тимови.