347
Руски системи за противвоздушна одбрана соборија украински воено транспортен авион во близина на Одеса, кој доставувал муниција и оружје, изјави денеска портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков.
Конашенков додаде дека руските противвоздушни сили го собориле и украинскиот хеликоптер Ми-24 во областа Харков, пренесува ТАСС.
Конашенков рече дека се уништени 13 украински беспилотни летала, меѓу кои и два авиони Ту-143 „Реис“ од советско производство.