Концерт на Владимир Николов и Националниот џез оркестар се одржа во Велес

од Milan1
11 прегледи

Концерт на македонскиот композитор и диригент Владимир Николов и Националниот џез оркестар се одржа синоќа во театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот” во Велес. Авторскиот концерт насловен „Crossover stories“ вклучи композиции од различни периоди во изминатите 22 години авторска дејност.

Како редовен аранжер на еден од најдобрите ревиски оркестри во светот – Метропол оркест, Николов соработувал со врвни имиња како Џон Клејтон, Ренди Брекер, Винс Мендоза, Џулс Бакли и Џејкоб Колиер.

Како автор и бенд лидер има издадено три студиски албуми со ансамблот Николов – Ивановиќ Ундектет.

Слични содржини