Познатиот битолски претприемач и филантроп Христо Кондовски поведува лична иницијатива за реанимирање на најголемата битолска спортска гордост, фудбалскиот клуб Пелистер.
Претседателот на Одборот на директори на најголемото осигурително брокерско друштво во Републиката, СН Осигурителен брокер АД Битола, акционер и член на највисоките органи на управување, генерално, во СН Групацијата, истовремено несебичен поддржувач на бројни спортски, културни, образовни, здравстени инцијативи и проекти во земјава, поведен од неодамна јавно изнесените наводи во битолската јавност за тешката состојба во фудбалскиот клуб Пелистер и информациите за можна продажба на клубот на странски инвеститор одлучи своите финанскиски и стручни капацитети да ги вложи во зачувување на најпрепознатливиот битолски спортски колектив на битолско тло.
Динамиката на својата иницијатива битолскиот бизнисмен ја организира по принцип „Дејствување не ветување“ па првиот потег кој Кондовски без одолговлекување го повлекува денес е доделување на спонзорство од половина милион денари на фудбалскиот клуб Пелистер од носечкото друштвто во СН Групацијата СН Осигурителен брокер АД Битола како финансиска инјекција за клубот која би ги надминала најакутните финанскиски предизвици со кои се соочува спорсткиот клуб.
Вториот и сигурно најзначајниот чекор кој познатиот претприемач го повлекува во рамки на својата иницијатива за фудбалскиот клуб Пелистер е создавање на можност успехот, стабилноста и цврстината на СН Групацијата и СН Осигурителен брокер АД Битола, несомено професионални дела на Кондовски и неговите партнери, да застане позади битолскиот фудбалски бренд.
Имено, паралелно со доделувањето на спонзорството од половина милион денари, денеска СН Осигурителен брокер АД Битола преку својот Претседател на Одбор на директори потпишува Меморандум за соработка со фудбалскиот клуб Пелистер, кој ќе овозможи финансиско-правно скенирање на клубот заради анализа на можноста овој фудбалски клуб со статус на акционерско друштвто да биде сопственички преземен од СН Осигурителен брокер АД Битола преку откуп на контролен пакет акции од 75%.
Во периодов кој ќе следи по склучувањето на овој меморандум заклучно со 25 Август 2021 година, стручни тимови на СН Осигурителен брокер АД Битола на чело со Кондовски ќе ги анализирааат состојбите во клубот во обид да дефинираат постоење на можност за реализација на оваа аквизиција која во перспектива би овозможила фудбалскиот клуб Пелистер да остане битолски клуб и битолски расадник на брилијантни фудбалски имиња.
Фудбалскиот клуб Пелистер во изминатиов период под раководство на мнозинскиот сопственик и Генерален Извршен директор Пецо Стојчевски оствари значителен напредок и го задржа својот статус на прволигаш, но сега сопственикот и стручната јавност се согласни дека му е потребен посилен инпут за решавање на актуелните проблеми и постигнување на нови висини.
Бизнисменот и филантроп Кондовски истакнува дека искрено посакува што поскоро завршување на овие отпочнати процеси како би имал прилика на своите битолчани да им соопшти уште убави вести кои во овие тешки и предизвикувачки мигови среде глобална криза во сите сфери и тоа како се потребни.
Личната потреба за добра здравствена заштита која ја делам со моите сограѓани среде Ковид пандемија, услови СН Групацијата финсиски да го поддржи вакциналниот процес во Битола и Охрид и инфективното одделение во охридската болница; Личната потреба за силен битолски спорт која ја делам со моите сограѓани, услови СН Групацијата финсиски да ги поддржи најголемите ракометни и кошаркарски колективи во Битола; Личната потреба за убава естетика околу нас во секое катче на Битола која ја делам со моите сограѓани, услови СН Групацијата финсиски да ги поддржи најголемите уметнички иницијативи во Битола; Сега со битолчани делам лична потреба за Пелистер за каков ни раскажуваат нашите родители и поскаувам заедно да успееме во тоа-резимира Кондовски.