Не смееме да дозволиме учениците да назадуваат затоа што немаат интернет, истакна кандидатот за градоначалник на Битола од СДСМ, Христо Кондовски. Тој нагласи дека неговата заложба за бесплатен интернет во секое училиште во Општина Битола е придонес за квалитетно образование на сите деца.
-Сите ученици во сите училишта треба да имаат пристап до платформите за учење на интернет. Само така ќе обезбедиме квалитетно образование и поеднакви услови за школување и развој на секое дете, рече Кондовски.
Тој потврди дека руралните средини не смеат да бидат запоставени.
– И децата во училиштата во руралните средини мора да имаат пристап до интернет.
Затоа ветувам бесплатен интернет во секое училиште, во градот и во секое село на територијата на Општина Битола. Ова е особено важно кога ќе се земе во предвид дека поради пандемијата на Ковид многу деца беа принудени да учат на далечина, на интернет, кажа Кондовски.