КОНЕЧНО! Од Русија пристигнаа одлични вести

278 прегледи

Повеќе од 270 000 болнички кревети за пациенти со коронавирус досега се поставени во болниците низ Русија.

Смртноста од коронавирус се намали три пати од април 2020 година, изјави денеска рускиот министер за здравство Михаил Мурашко.

„Нашата работа се заснова на обединети напори во однос на терапијата, што ни помогна да ја намалиме смртноста три пати во споредба со април“, потенцира Мурашко, како што пренесе ТАС С.

Повеќе од 270.000 болнички кревети за пациенти со коронавирус досега се поставени во болниците низ Русија, додаде министерот за здравство.

„Во текот на пролетта минатата година подготвивме 94.000 кревети, а денес имаме повеќе од 31.000 кревети на интензивна нега“, додаде Мурашко.

Според националниот центар за борба против кризата, 3,6 милиони луѓе се разболеле во Русија од избувнувањето на пандемијата, три милиони се опоравиле, а починале 66 623 пациенти.