Конечно се огласија од Мексико: Стигна честитка за Бајден

од Nikola Popovski
165 прегледи

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор денеска му ја честитал на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден за изборната победа, еден ден откако Изборниот колеџ ги официјализираше резултатите од гласањето.

Обрадор не го следеше примерот на повеќето други светски лидери кои му честитаа на Бајден откако медиумите ја проектираа неговата победа, велејќи дека тоа ќе го стори кога официјално ќе заврши изборниот процес.

Во писмото со датум од 14 декември, Обрадор изрази надеж дека американската надворешна политика кон Мексико ќе се заснова на принципите на неинтервенционизам и самоопределување, кои се содржани во мексиканскиот устав, пренесува Ројтерс.

На дневната утринска прес-конференција, левичарскиот претседател на Мексико се залагаше двете земји да работат заедно, почитувајќи ја меѓусебната сувереност.

Испраќајќи „срдечни поздрави“, Обрадор, исто така, во писмото наведува дека ја цени позицијата на Бајден за Мексиканците и другите мигранти во САД.

Тој изрази надеж дека наскоро ќе има можност да разговара за ова и за други прашања со Бајден.

Претходно денес, рускиот претседател Владимир Путин му честиташе на Бајден за победата.