Конечно убава вест од Лондон: Нова принова во кралското семејство

од Nikola Popovski
121 прегледи

„Нејзиното кралско височество принцезата Беатрис и г-дин Едоардо Мапели Моци со големо задоволство објавуваат дека го очекуваат своето второ дете на почетокот на новата година“, се вели во соопштението на Бакингемската палата на социјалните мрежи, заедно со досега невидени семејни фотографии од парот.

Беатрис (36) и Едоардо (40) веќе се родители на ќерката Сиена Елизабет, која се роди во септември 2021 година. Внуката на кралицата Елизабета треба да се породи на почетокот на пролетта следната година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

Кралот Чарлс се израдувал на веста 

Својата радост поради објавата ја споделил и вујкото на Беатрис, кралот Чарлс. „Неговото височество кралот е информирано и двете семејства се воодушевени од веста“, се вели во соопштението од Палатата.

Шпекулациите за врската на принцезата Беатрис и Едоардо започнаа во ноември 2018 година, а во септември 2019 година, Едоардо ја запроси Беатрис за време на патување во Италија.

Додека Обединетото Кралство беше во карантин поради пандемијата со Ковид-19, парот официјално ја одложи својата венчавка, за во 2021 година да застанат пред отларот.

На изненадување на многумина, парот на крајот се одлучи за интимна церемонија одржана во капелата Виндзор каде што разменија завети пред 20 блиски пријатели и членови на семејството, меѓу кои и кралицата Елизабета и принцот Филип.

Слични содржини