Коневски: Мицкоски ја гледа ВМРО ДПМНЕ како приватна фирма за задоволување на финансиските апетити

331 прегледи

Поддршка од повеќе од 400 делекати, постои во однос на прашањето за вонреден конгрес и избор на нов партиски лидер. Овие 400 делегати се состојат од истите луѓе кои го избраа Христијан Мицкоски за лидер на ВМРО ДПМНЕ, посочи за „Слободен печат“, екс градоначалникот на општина Аердром и член на Иницијативниот одбор за свикување на вонреден конгрес во партијата, Ивица Коневски.

„Пред луѓето кои му ја дадоа довербата во Валандово, Мицкоски се плаши да се појави. Тие тој ги нарече соработници на Заев, а на партијата гледа како на приватна фирма за остварување на своите финансиски потреби. Постојат луѓе кои ќе направат се за да останат на позициите, но поголемиот број на членството ќе ги делегитимира лажните патриоти и политичари“, посочи Коневски.

Инаку, за потсетување, иако вчера се појави информација дека Вонреден конгрес ќе има и истиот ќе се оддржи на 28 март, но подоцна тоа беше демантирано и Стефан Андоновски по седницата на ИК на ВМРО ДПМНЕ обелодени дека конгресот ќе се оддржи во редовниот термин во ноември.

Слични содржини