Конференција за спречување на сексуално насилство во војни: „Работете со жртвите“

од Stefanija Kuzmanovska
135 прегледи

Нобеловката Надија Мурад рече дека владите не прават речиси ништо за да им помогнат на жртвите на ИСИС, односно дека не се заинтересирани да ги гонат силувачите кои вршат геноцид врз нејзината заедница во Ирак.

„Жртвите не сакаат вие да зборувате за нас, туку да работите со нас“, рече Мурад на Конференцијата за спречување на сексуалното насилство во војните, што се одржува денеска и утре во Лондон.

Таа, исто така, изјави дека меѓународната заедница може да најде начин да го промени ова статус кво и да работи со преживеаните.

„Светот не смее да ја одложува акцијата. Сексуалното насилство во војните ги погодува сите, човековите права…“, изјави таа.

Џејмс Клеверли, британскиот министер за надворешни работи, истакна дека сексуалното насилство се случува во најмалку 18 конфликти кои моментално се случуваат во светот.

Тој посочи дека Велика Британија во декември ќе воведе санкции за оние кои ќе извршат сексуално насилство во војни.

Слични содржини