Конференција за родова еднаквост и јакнење на положбата на жените во Тетово во рамки на Претседавањето на С. Македонија со ОБСЕ

од Vladimir Zorba
205 прегледи

Во рамки на претседавањето на Република Северна Македонија со ОБСЕ, денес и утре, во Тетово, ќе се одржи првата Конференција на ОБСЕ за родова еднаквост и зајакнување на улогата на жените, под наше водство и иницијатива како претседавачи.

Конференцијата ќе се одржи во просториите на Универзитетот на ЈИЕ и Хотел Меркур во Тетово, додека официјалниот дел, кој ќе започне во 15:00 часот, ќе го отвори министерот за надворешни работи и претседавач на ОБСЕ, Бујар Османи. Воедно, свои обраќања ќе имаат и генералниот секретар на ОБСЕ, Хелга Шмид, претседателот на Парламентарното Собрание на ОБСЕ и сите шефови на автономните институции на ОБСЕ.

По официјалниот дел од конференцијата, ќе следи заедничка прес конференција на Османи и Шмид, која ќе започне во 16:15 часот

Дводневниот настан, предвидува три работни сесии и четири пропратни панели на кои официјални владини претставници, официјални претставници во рамки на ОБСЕ, значајни професори, истражувачи и познавачи на материјата ќе разменат мислења за особено важни теми како жени, мир и безбедност: зајакнување на женското учество и лидерство; поврзаноста на родот и корупцијата и ублажување на ефектите од корупцијата врз жените; родовата еднаквост во политичкиот живот, успешните практики од теренот за родовите прашања, каде што голем придонес имаат мисиите на ОБСЕ и сл.

Оваа Конференција се надоврзува на Конференцијата „Жените во надворешната политика”, иницијатива на Министерството за надворешни работи, која започна да се одржува во 2021 година, со цел да се зајакне улогата на жената во надворешната политика и да се подигне гласот за родова еднаквост.

Слични содржини