Конгресмените во САД се откажуваат од зголемување на платите

од Vladimir Zorba
83 прегледи

Членовите на Претставничкиот дом на САД гласаа за откажување од автоматско зголемување на платите во финансиската 2016 година, која почнува 1 октомври.  При гласањето законот беше поддржан од 357 конгресмени и  67 “против”.

“Во 2016-та финансиска година на законодавната власт на владата на САД ќе бидат доделени 3,3 милијарди долари Во документот се задржува замрзнување на платите на пратениците, исклучена е можноста за какво било зголемување”, се истакнува во објаснувањето .

Според конгресмените, износот доделен од буџетот “не се разликува од одобреното за финансиската 2015 година и е помалку со 172,3 милиони долари од износот предложена од претседателот Барак Обама.”

Годишна плати на конгресмените ќе останат на исто ниво – 174 000 долари. Раководството на Конгресот добива повисока плата од онаа на обичните членови. На пример, претседателот на Претставничкиот дом Џон Бејнер, третиот човек во земјата, по претседателот и потпретседателот, добива  223 500 долари, а возачите на фракциите на демократите и републиканците во двата дома – 193 400 долари.

За споредба, платата на претседателот Обама е 400 илјади долари./ТАСС