Конгресменката од Џорџија, Марџори Тејлор Грин, позната по своите екстравагантни изјави, предложи Конгресот да објави постапка за импичмент на американскиот претседател Џо Бајден.
Грин рече дека поднела нацрт-резолуции до Конгресот за смена на Бајден од власт, бидејќи наводно оставил 10.000 Американци во Авганистан откако Талибанците ја презеле власта. Таа, исто така, тврди дека претседателот ги прекршил законите за имиграција дозволувајќи криза на јужната граница на Соединетите држави и си презел законодавни овластувања, спротивно на ставот на Врховниот суд, со продолжување на мораториумот за иселување на потстанари.
„Во седумте кратки месеци од претседателствувањето на Џо Бајден, Америка ја загуби почитта во светот. Доказите се јасни и неговите постапки се толку груби што мора да биде сменет од функцијата“, се вели во соопштението на републиканскиот конгресмен.
Нејзината иницијатива има мали шанси за успех во Конгресот, каде што двата дома се контролирани од демократите кои го поддржуваат Бајден.