Коњановски: Граѓаните не ги очекува финансиски шок од новата цена на електричната енергија

од Milan1
14 прегледи

Во моментов ги правиме завршните подготовки и анализи пред поднесувањето на понудата кон ЕВН Хоум, а веќе имаме одредени симулации кои ги доставивме до Владата како сопственик на АД ЕСМ. Врз основа на тие податоци, сигурен сум дека граѓаните не ги очекува финансиски шок од цената на електричната енергија за првата половина од 2025 година, изјави директорот за производство и член на Управниот одбор на АД ЕСМ Зоран Коњановски за ТВ магазинот 360.

Како што вели, производната цена на електричната енергија би се движела помеѓу 58 и 62 евра за мегават-час. – Таа цена ни дава поттик во наредниот период да работиме многу поефикасно, со цел како компанија да ги намалиме производните трошоци за енергијата која ја произведуваме, да го зголемиме домашното производство, и да го намалиме увозот на струја, рече Коњановски.

Производната цена на електричната енергија во нашиот најголем капацитет РЕК Битола, во моментов изнесува 136 евра, додека на ниво на ЕСМ таа цена е нешто повеќе од 118 евра, за мегават-час. Сепак, не можеме само така грубо да ги гледаме податоците, туку одиме чекор понатаму и размислуваме, анализираме и се подготвуваме за тоа што следи, а тука мислам на планските активности на компанијата за наредната година“, рече Коњановски во интервјуто за ТВ Магазинот 360 во контекст на претстојното поднесување на понудата до Универзалниот снабдувач ЕВН Хоум за потребите на домаќинствата и загубите на електродистрибуција, која до крајот на месецов ЕСМ треба да ја достави за периодот јануари-јуни 2025 година“.

Слични содржини