„Конклава“ ја доби наградата БАФТА за најдобар филм

од Vladimir Zorba
28 прегледи

Филмовите „Конклава“ и „Бруталист“ освоија по четири филмски награди на Британската академија (БАФТА), а „Конклавa“ беше прогласен за најдобар филм на вечерашната церемонија.

Ватиканскиот трилер „Конклава“, кој имаше најмногу номинации, освои и награди за најдобар британски филм, најдобро адаптирано сценарио и најдобра монтажа.

Наградата за најдобар режисер му припадна на Брејди Корбет за филмот „Бруталист“, а Адриен Броди е прогласен за најдобар актер за главната улога во тој филм, пренесува Ројтерс.

Слични содржини