Конкурс на НАСА за проекти за пренесување на тешки товари до Марс

од Vladimir Zorba
79 прегледи

4409780

Американската вселенска агенција НАСА објави конкурс за иновативни проекти во создавањето на систем на снабдување на Марс со корисни добра повеќе од 22 тони, беше соопштено на сајтот на агенцијата. Вселенските летала, кои ја истражуваат површината на Марс беа доставени на “црвената планета” со помош на технологија на хиперсонични аеродинамични децелатори – забавувачи (HIAD). Најтежок беше леталото “Curiosity” – речиси еден тон. НАСА развива и врши летни испитувања на нова класа релативно лесни летала кои можат да испорачаат повеќе од 22 тони товар на Марс, пишува во соопштението на сајтот на НАСА. Според зборовите на еден од раководителите на агенцијата – Стив Гадис пилотските бродови што ќе слетаат на Марс, треба да се со тежина меѓу 15 и 30 тони. Агенцијата повикува тимови студентите да понудат до 15 ноември описи на нивните проекти за усовршување на технологијата HIAD. Одобрените решенија ќе се претстават во пролетта на 2016 година како и техничките податоци за концептот.