Познатиот ММА борец Конор Мекгрегор доживеа несреќа откако во него удрил автомобил.
МекГрегор, поранешен шампион во лесна категорија во УФЦ и еден од најпопуларните борци на модерната ера, го возел својот велосипед кога го удрил друг возач.
„Само што ме удри автомобил одзади. Сонцето го заслепи, возачот не можеше ни да ме види. Ме крена со полна брзина. Фала ти Боже, не беше моето време. Благодарение на борењето и џудото исто така. Фактот дека бев свесен како да слетам ми го спаси животот“, напиша МекГрегор на Инстаграм.
Многу познати личности беа шокирани од тоа што се случи, а во коментарите се редеа пораки за поддршка.
МекГрегор веќе неколку години е надвор од сериозна конкуренција за титулата во УФЦ, по октомври 2018 година кога беше поразен од Хабиб Нурмагомедов, кој оттогаш и самиот се пензионираше.
Ирецот по пензионирањето имаше едно враќање во светот на боречките вештини, а покрај октагонот се обиде и со бокс, каде беше поразен од Флојд Мејведер.