КОНТРАЦЕПЦИЈА МЕЃУ МЛАДИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Еве која е водечката алатка

од Vladimir Zorba
19 прегледи

Огромното мнозинство млади луѓе во Германија користат контрацепција при секс, а водечка алатка е кондомот, далеку пред таблетите и хормоналната спирала, пренесува германската новинска агенција (dpa).

Во истражувањето на Германскиот здравствен центар, 67 отсто од испитаничките на возраст од 16 до 25 години изјавиле дека се штитат со кондом, а 46 отсто рекле дека користеле контрацептивни таблети. Според Центарот, пет проценти од нив користат спирала.

63 отсто од испитаниците ја заокружиле „сигурноста“ како најважен мотив при изборот на контрацепција. Леснотијата на користење е најважна за една третина, а 16 проценти ја навеле заштитата од инфекции.

Речиси сите испитаници, 93 отсто од нив, изјавиле дека се многу добро или добро информирани за средствата за заштита што ги користат.

Додека половина од младите мажи информациите за контрацепција најчесто ги добиваат на Интернет, 71 процент од девојките побарале гинеколог.

Практично сите испитаници знаат за можноста за последователна заштита со пилулата за прекин на бременоста, а 28 отсто од сексуално активните млади луѓе ја користеле барем еднаш.

Лекарите предупредуваат дека хормоналната таблета за абортус не е за редовна употреба.

Слични содржини