Контрацептивен гел за мажи излегува на пазарот 2018 година

од Vladimir Zorba
72 прегледи

Лекот го запира лачењето на спермата. Нов контрацепциски производ за мажи во форма на гел, кој ќе се инјектира, може да биде достапен на пазарот до 2018 година, објавија американски истражувачи.

sperma

Во моментов мажите имаат ограничен избор во однос на контрацепцијата, кој се сведува на кондоми или вазектомијата. Според научници новиот метод за заштита од несакана бременост ќе биде долготраен и реверзибилен, без потреба од прифаќање на хормони за потиснување на плодноста.

Производот наречен “Васалгел”, дејствува така што го блокира каналот низ кој семената течност ги напушта тестисите и влегува во уретрата. Контрацептивот се применува преку инјекција во семепроводите.

Според првичните тестови на производот врз зајаци, животните немаат сперма во текот на 29 дена, како средство продолжува да дејствува и во текот на целиот период на студијата, кој бил 12 месеци.

Според податоци на тимот истражувачи од Универзитетот во Илиноис, Чикаго, податоците од тестовите биле подобри од очекуваните, така што производот може да започне да се тестира на луѓе од оваа година.

Научниците исто така успешно го отстраниле гелот од зајаците, и го обновиле протокот на спермата. Според истражувачите “Васалгел” е ефективен, бидејќи е способен да го прикачите на ѕидовите на каналите низ кои спермата поминува и не дозволува премин на поголеми клетки како сперматозоидите.