Контролор на ЈСП нападнат од малолетник

од Nikola Popovski

Нов напад на контролор во автобусите на ЈСП Скопје, информираа денеска од МВР.

Според податоците на полицијата, во текот на вчершаниот ден во 08.06 часот во Полициската станица Аеродром, Ф.Б.(39) од с.Сарај, скопско, пријавил дека во 08.00 часот кај Транспортен центар Скопје, додека вршел контрола на билети во автобус, бил физички нападнат од малолетник од Скопје.

Сочинет е записник за костатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Слични содржини