Концептот за предметот Историја е неприфатлив, смета Институтот за историја

од Nikola Popovski
450 прегледи

Институтот за историја при Филозофскиот факултет во Скопје денеска преку соопштение го отфрли концептот за реформи во образованието на Министерството за образование и наука и Владата и бара да го повлечат и да ги прекинат сите активности во врска со предметот Историја.

Во дел од нината реакција се вели дека концептот предвидува, како што велат, интегрирање на историјата со науки од сосем различен вид во миг кога македонската историја, македонскиот јазик, и македонскиот идентитет воопшто, се безмилосно нападнати и неосновано оспорени однадвор.

„Таканаречениот ‘Концепт’ што го нуди МОН е донесен на целосно нетранспарентен начин, без консултација ниту со Институтот или други високошколски установи, ниту со научната и професионалната јавност. Институтот цени дека е скандалозно да се влечат вакви сериозни потези без воопшто и да се информира – а не пак да се побара совет од струката, од која утреден ќе се бара планираното да го спроведе во дело, во училишните клупи“, велат од Институтот.

Предложениот концепт на МОН предвидува интегрирање на историјата со науки од сосем различен вид во миг кога македонската историја, македонскиот јазик, и македонскиот идентитет воопшто, се безмилосно нападнати и неосновано оспорени однадвор, посочува Институтот за историја.

„Во еден ваков несреќен момент, секое продолжување на замислената интеграција може да се протолкува како внатрешно институционално содејство со надворешни желби и притисоци“,  реагира Институтот за историја.

Ова е третиот аргумент којшто го наведуваат против концептот, а во првите два реагираат за тоа дека е донесен на нетранспарентен начин без консултација со Институтот или други високошколски установи, научната и професионалната јавност.

„Институтот цени дека е скандалозно да се влечат вакви сериозни потези без воопшто и да се информира – а не пак да се побара совет од струката, од која утреден ќе се бара планираното да го спроведе во дело, во училишните клупи. Идејните творци на концептот не само што немаат компетенции да го реформираат начинот на кој една научна дисциплина се доближува до учениците, туку покажуваат и елементарно непознавање на материјата која мислат дека ја реформираат. Вакви дилетантски потези, како и сите досегашни, се однапред осудени на пропаст“, пишува во реакцијата.

Министерката за образование и наука Мила Царовска пред два дена на прес- конференција го најави новиот концепт на основно образование, кој ќе вклучи спојување на повеќе предмети во еден, како што се историја и географија, или биологија и хемија, е со цел децата да учат помалку факти, а повеќе да размислуваат и да поврзуваат.

Слични содржини