Снопче: Потежок е процесот на спроведување попис во мултиетничка држава како нашата

Во рамки на своето гостување на 24 анализа, Халил Снопче од редовите на Алијанса за Албанците, го оцени процесот на попис за смешен. Имено, Снопче истакна дека е многу потешко да се спроведе попис во мултиетничка држава, бидејќи смета дека дел од општините ќе покажа помал процент на одреден етникум, со што би им се скратиле основите права во земјава.

„Ние гласавме за пописот. Овој процес е неопходен. Ние немаме информации за разни ентитети. Кај мултиетничките држави е потежок процес пописот.Резултатте од пописот директно влијаат на правата на граѓаните во нашата земја. Ние имаме изјави од Заев и Пендаровски, дека без оглед на пописот, правата на граѓаните нема да бидат доведени во прашање. Тоа се смешни изјави“, вели Снопче.

Слични содржини