Ковачевски за Димитриевски: Предавникот не што не го сакаат дома, туку најмалку го сакаат онаму каде што отидол да предаде

од Vladimir Zorba
375 прегледи

„Предавникот не што не го сакаат дома, туку најмалку го сакаат онаму каде што отидол да предаде. Затоа ќе ги гледате овие од ЗНАМ во последна клупа во Собрание по 8 мај и со наведнати глави, не што ние нема да им правиме муабет, овие од ВМРО помалку ќе им прават муабет“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на митингот во Струмица.

Тој додаде дека на 8 мај постои само една социјалдемократска опција, само една лева и прогресивна опција која се вика СДСМ.

„Ако досега не беше јасно, сега се разјасни и дилемата која можеби дел од вас ја имале. Сакам да му се заблагодарам на политичкиот субјект ЗНАМ и на нивниот претседател што ја разјаснија дилемата и што застанаа и јавно со ВМРО–ДПМНЕ рака под рака во поддршка на Гордана Силјановска Давкова“ рече Ковачевски.

Претседателот на СДСМ додаде дека тој постојано повторува дека ЗНАМ е политички субјект направен за лична корист и поддршка на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини