Концертот на „Електрични оргазам“ во Скопје презакажан за 24 јуни

од Vladimir Zorba

Славеничкиот концерт на култната група „Електрични оргазам“, што беше најавен за 26 март во Младинскиот културен центар во Скопје, е презакажан и ќе се одржи на 26 јуни на Стадионот на АРМ, соопшти денеска организаторот на настанот „Авалон Продукција“.

– Мартовските концерти коишто моравме да ги одложиме поради актуелната состојба со корона вирусот, ќе бидат презакажани со нови дати, а концертот на култните „Електрични Оргазам“ ќе има и нова локација. Ве информираме дека се одлучивме да го направиме на отворено и тоа на 24 јуни на Стадионот на АРМ, еден ден пред фестивалот „Скопје Гори“ на кој ќе настапат легендарните „Пласибо“.

Организаторите информираат дека „Електрични Оргазам“ ќе настапат на голема бина и со уште поголема продукција, „со роденденски репертоар кој ги опфаќа сите песни што ја одбележаа кариерата на овој супериорен бенд“.

Набавените влезници за откажаниот настан за 26 март, ќе важат и за концертот на 24 јуни.

– Во меѓувреме останете во добро здравје, почитувајте ги препораките од надлежните, седете дома и подготвувајте се за уште едно незаборавно Авалонско музичко лето, наведува „ Авалон Продукција“ во соопштението.

Слични содржини