Конзул осомничен дека „перел“ пари за кланот „Тито“

од Milan1
502 прегледи

Српскиот член на ПБиХ Жељка Цвијановиќ побара одржување на вонредна седница на Претседателството со една точка на дневен ред, разрешување на почесниот конзул на Босна и Херцеговина во Панама, Фатих Кол. Имено, конзулот Кол е еден од осомничените на Обвинителството на Босна и Херцеговина, заедно со групата која неодамна беше уапсена во големата полициска акција „Црна вратоврска 2“.

Кол е осомничен дека бил дел од група која „перела“ пари од дрога за нарко картелот „Тито“ и „Дино“ од 2016 до 2021 година, предводена од Един Гачанин, кој минатата година во Холандија беше осуден на седум година затвор за шверц на неколку тони дрога.

Конзулот Кол беше назначен на предлог на српски член на ПБиХ, а во моментот на назначувањето немаше шпекулации за некакви незаконски активности, а доколку имаше, се разбира дека немаше да биде назначен на таа функција, рече шефот на Кабинетот на српскиот член на ПБиХ, Душан Петровиќ, а пренесува „Новости“.

Слични содржини