350
Златните копачки што ги носеше Дејвид Бекам на неговиот 100-ти настап за Англија беа продадени на аукција за 17.360 фунти.
Обувките беа еден од 1.000 спортски предмети продадени во аукциската куќа „Греам Бад“ во Велингтонборо, објави Би-Би-Си.
Бекам овие копачки ги носеше на Светското првенство против француската репрезентација во 2008 година во Париз.