Копнените екипи не можат да ја продолжат потрагата по британскиот актер Сендс

од Stefanija Kuzmanovska
223 прегледи

Екипите на копното се уште не можат да ја продолжат потрагата по исчезнатиот британски актер Џулијан Сендс, поради опасност од лавини во областа на планината Сан Габриел во Јужна Калифорнија, објави денеска „Индипендент“.

Официјални лица велат дека се уште не е одредено времето кога ќе започне повторно копнената потрага.

Сендс (65) беше пријавен за исчезнат додека пешачел во областа Балди Бул на планините Сан Габриел во петокот, а потрагата по него продолжува со хеликоптери и беспилотни летала, кога дозволуваат временските услови, соопштија локалните власти.

Слични содржини