Кораќ: Кризата во Србија ќе заврши со трагедија, Вучиќ се обидува да ја скрие приказната со звучниот топ

од Nikola Popovski
239 прегледи

По протестот во Србија, каде според проценките на полицијата се собраа 107.000 луѓе, а според самите демонстранти повеќе од 300.000, денеска ќе биде констатирана оставката на премиерот Милош Вучевиќ, а парламентарните избори би можеле да се одржат на 8 јуни.

Во емисија на „ХРТ“, ситуацијата во Србија ја коментирал поранешниот вицепремиер на Србија и професор, Жарко Кораќ.

-Тој 10-11 години владееше суверено под целосна контрола на медиумите и политичкиот терор во малите градови низ Србија, каде што неговите ограноци вршеа огромен притисок врз луѓето да гласаат само за неговата партија. Имаме нешто слична ситуација како онаа во времето на Милошевиќ, иако тогаш беше поправедно затоа што Милошевиќ беше поддржан во неговите воени напори, а тоа е целосна злоупотреба на политиката за создавање лична моќ, рекол Кораќ за српскиот претседател Александар Вучиќ.

Тој додал дека популарноста на Вучиќ паѓа иако тој се преправа дека ништо не се случува.

-Дали ова стигна до руралните средини, тешко е да се каже бидејќи ги контролира медиумите и приватната телевизија Пинк, која на денот на протестот беше опкружена со бетонски блокови, а која е фабрика на лаги и нечистотија. Тој се обидува да ја одржи власта по секоја цена. Тешко можам да проценам дали тоа не го гледа или само се прави дека не го гледа, но во Србија расте страшен отпор кој според мене ќе заврши со трагедија бидејќи не можете постојано да нервирате толку многу луѓе со вашите глупости и навреди, навел Кораќ.

Се осврнал и на барањата на опозицијата властите да објаснат што е употребено против демонстрантите. Тие тврдат дека тоа не бил звучен топ.

– Донесоа дури и генерал од српската војска кој објасни дека тоа го немаме. Вучиќ се обидува да ја сокрие оваа тема, но нема да може. Се прави обид да се реконструира тоа што се случило од изјавите на луѓето кои биле на местото на настанот, да се види дали некој можеби го снимил тој момент, изјавил Кораќ.

Слични содржини