Коренот на злото е во Саудиска Арабија!

од desk3
95 прегледи

Џамиите, во кои се проповеда омраза, треба да бидат заковани со штици. А Западот нека конечно престане да ја штити Саудиска Арабија, бидејќи коренот на терористичкиот зло е токму таму, пишува DW.

0,,18522285_303,00

Се разбира дека во првиот говор по нападите францускиот претседател е должен да се се претстави пред луѓето како силен и решителен. Граѓаните го очекуваат од него токму тоа. И сакаат државата да ги заштити од теророт. Доколку тоа е можно – за овој премин Французите се реални. Со други зборови: повеќето од нив нема да приговораат против конкретните мерки наведени од Оланд: од забрана за влез во земјата на осомничени за тероризам , па дури до продолжување на вонредната состојба.
Државата да го врати владеењето

Надвор од сомневање е дека француската влада треба да заведе ред дома. На пример – да почне систематски да бара скриено оружје. Државата е должна да го поврати монополот врз вршењето на сила и да ги надмине своите стравовите од одлучна акција во т.н. “ничии зони” низ француските предградија. Ова важи со посебна сила за криминалното подземје низ овие предградија, каде што патот од вооружениот грабеж до терористичкиот напад изгледа сосема кратко. Та нели уште по нападот против “Шарл Ебдо” беше откриено дека еден од терористите брзо го измина овој пат – од ситен криминалец до масовен убиец. Истото се повторува и сега.

Нешто недостасува сепак во мерките обелоденети од страна на претседателот: нашите општества предолго ги трпеа проповедниците на омразата кои ги озрачија своите озрачени верници со насилен фантазми. Оваа културна толеранција беше грешка. Кога проповедаш омраза и насилство против нас (т.н. “неверници”), твојата џамија веднаш треба да биде затворена, а прозорците и вратите – заковани со штици. Нека таа верска заедница најде такви имами кои ја проповедаат верата, а не убиствата. Важно е уште да се затвораат со целата строгост на законот оние сајтови на интернет, кои даваат насоки за снимање и монтажа на бомби. Исто така треба да се побара одговорност од најголемите интернет-концерни во САД, за да отстранат барем дел од овие плевели.
Стапицата во која се фати Буш

Да, во својот говор Оланд изјави доста верни работи, особено за силата на либералната култура во Франција. Тој ги рече и потребни работи – на пример за зголемувањето на безбедноста. Но, претседателот рече и нешто погрешно: дека треба да се води војна против теророт. Ова е политичка стапица, во кој своевремено се фати Џорџ Буш. Последиците од неговата грешка ја подготвија почвата за семето на насилството, кое денес веќе дава плод во Блискиот Исток. Францускиот претседател го знае тоа многу добро – неговиот претходник Жак Ширак манифестираше доволно разум и застана на дистанца спрема војната во Ирак. И откако го знае ова- зошто одеднаш посегнува кон истата погрешна реторика?

0,,18853828_401,00

Не е грешка да се напаѓаат со воени средства позициите на “Исламска држава”. Но, ако сакаме да ги ослободиме Источна Сирија и дел од Ирак од власта на терористите, таква војна не може да биде добиена само со воздушни напади, кои, покрај сето друго, земаат премногу цивилни жртви. Односно, пацификацијата на овие региони е можна само со помош на копнени сили – и тоа коалициони, независно од формата на коалицијата.

Доста лицемерие со Саудиска Арабија!

Убиваме лошо облечени екстремисти и го постиламе црвениот тепих пред оние со елегантна облека, напиша еден француски коментатор, алудирајќи на Саудиска Арабија. Франција и другите Европејци треба конечно да прекинат со лицемерните односи со шеиците. Бидејќи токму шеиците снесоа змејово јајце од кое се родија терористите, кои ги напаѓаат со калашникови и бомби нашите градови. Крајно време е да го ставиме кралството и неговите вазали под силен притисок – за да престане конечно да ги финансираат нашите убијци. Овој пасус недостасува во говорот на претседателот Оланд. А токму тој треба да даде пример и да ја изведе француската надворешна политика на предна позиција во борбата против спонзорите на теророт. Бидејќи терористичкото зло, наречено “Исламска држава”, треба да се ликвидира до корен. А коренот му е главно во Саудиска Арабија.

 

DW