Корисниците ширум светот пријавуваат проблеми со работата на популарната услуга за размена на пораки WhatsApp.
WhatsApp има проблеми со својата работа, како што објави сајтот DownDetector, кој го следи функционирањето на бројни сајтови на Интернет.
Корисниците од речиси сите делови на светот известуваат дека имаат проблем со функционирањето на WhatsApp – не можат да испраќаат или примаат пораки.
Од WhatsApp засега не се огласја по овој повод, па нема официјални информации што го предизвикува проблемот со функционалноста на апликацијата.