Корисниците на Виндоус ХП се зголемуваат

од Vladimir Zorba
121 прегледи
Независно од тоа дека Мајкрософт ја прекина поддршката на Виндоус ХП пред речиси една година, нејзините корисници се зголемуваат.ofr02g
Ова го покажуваат податоците од анализата спроведена од страна на Нетмаркетшер. Компанијата за анализа и студии наведува дека во моментот на прекинот на поддршката на застарениот оперативен систем, ХП е инсталиран на 26.29% од сите десктоп компјутерски системи во светот. До ноември минатата година нивниот удел се намалил на 13.57%, за да се качи повторно во месец февруари оваа година, достигнувајќи 19.57%.
Слични се бројките од истражувањето спроведено од друга компанија за анализа и истражување – Статкаунтер. Според изнесените податоци, во април минатата година (кога официјално беше прекинато одржувањето на ХП) десктоп системите, на кои е инсталиран системот, сочинуваат 15.83-отсто. Во ноември, тие се намалени до 10.95, за да се зголемат минимално во февруари 2015 година – до 11.05-отсто.
Најчесто користени десктоп систем во моментов е Виндоус 7 со 55.99-отсто (според Статкаунтер бројките тука се 48.9), што е помалку во споредба со ноември минатата година, кога Вин 7 е инсталиран на 56.41-отсто кај десктоп компјутерите.