Reddit има интересен пост на корисник, кој имал можност да потроши околу 20 минути со американската верзија на Galaxy S9. Неговите впечатоци ги потврдуваат скоро сите гласини за новиот предводник на Samsung, кој ќе биде претставен на 25-ти февруари во Барселона.
Според корисникот, дизајнот на Galaxy S9 всушност е сличен со оној на неговиот претходник, но според неговите информации, истечените на интернет рендeри го покажувале уредот од чуден агол, бидејќи страничните рамки не се подебели од оние на Galaxy S8. Единствената забележителна разлика е во мат-бојата на задниот панел, кој минатата година го замени сјајот.
Според него, само позиционирањето на сензорот за отпечатоци под камерата може да се смета за сериозна промена. Информациите ја потврдуваат достапноста на стерео звучниците, како и присуството на аудио приклучок. Корисникот тврди дека во однос на звукот, Galaxy S9 нуди значително подобрување во однос на претходниот предводник и ја одреди опцијата за опкружувачки звук како благо разочарувачка.
За главната камера со променлива бленда тој вели дека таа може да снима 4K видео при 60 фрејмови во секунда, а 720p видеото може да биде снимено во 480 fps. За Full HD клипови, максималната брзина на слики е само 240 fps.
Во случајот треба да се забележи дека станува збор за американската верзија со процесор Snapdragon 845 и дека не е сигурно дека уредот е со финална верзија на софтверот. Во статијата исто така се споменуваат 3D емоџи, што е мешавина на анимоџи и битмоџи. Корисникот може да си создава аватари и да го одредува нивниот израз на лицето, но според публикацијата, прикажаното од Samsung не било на нивото на актуелните понуди на Apple.