Корисник пронајде грешка во „Виндоус 10“

од Vladimir Zorba
79 прегледи

Пред два дена почна преземањето на долго очекуваниот оперативен систем „Виндоус 10“, за чии карактеристики, помалку или повеќе, се дозна се уште во текот на неговите презентации.

w 10

На самиот почеток на користењето на новиот систем, корисниците немаат поголеми забелешки, но еден од нив воочил пропуст.

Имено, тој увидел дека прозорчето што се појавува во случај на некоја грешка и треба да понуди објаснување за проблемот, не функционира.

Инаку, преземањето на „Винодоус 10“ засега е беспалтно за сите корисници на лиценциран „Виндоус 8“./MIA