Корона-фри паб во Ирска – прво тест, па пијалок

од Vladimir Zorba
267 прегледи

Еден бар на западот на Ирска го најави отворањето на првиот паб без корона во земјата, во која посетителите ќе бидат тестирани со брз тест пред да влезат.

Во пабот „Ајлинс“ во Огамор, два и пол часа возење од главниот град Даблин, посетителите прво треба да почекаат во одредена област експерт да ги испита за вирусот, пренесува „Irish Mirror“.

Сопственикот на пабот Донал Брн на Фејсбук објави дека влезот ќе им биде дозволен само на редовните посетители и само доколку бидат негативни на тестирањето, но тој додаде дека ќе можат да пијат таму каде што чекаат за тестирање и додека чекаат резултат.

Посетителите ги сносат трошоците за тестирање од 10 евра и може да се тестираат помеѓу 17 и 19 часот.

„Трошоците за тестирање се повисоки од тоа, но „Ајлинс“ со задоволство ја покрива разликата за да се осигури дека нашите вработени и гости се безбедни и здрави“, напиша Брн на Фејсбук.

Според правилата што моментално важат во Ирска, пабовите што не служат храна не смеат да работат, а „Ајлинс“ не е меѓу нив. Брн вели дека ниту служи ниту има намера да сервира храна.

„Јас не послужувам храна. Како што знаеме, храната не го запира ковид и не го спречува ковид“, рече Брн.

Слични содржини