Европскиот центар за контрола на болести (ЕЦДЦ) објави нова „корона-мапа“ во четвртокот. Што се однесува до Хрватска, ситуацијата не се променила многу – целата земја се уште е во „црвена“, само Загреб се сменил во „темно црвена“ боја.
Цела Словенија е во темноцрвена боја, како и балтичките земји Литванија и Естонија.
Од поголемите земји, Германија е скоро целосно во црвена, Франција е претежно жолта со црвени и зелени делови од земјата, а Шпанија варира од црвена во зелена, во зависност од делови на земјата. Шампионот за вакцинација во Европа, Португалија, е целиот во жолта боја.
Најдобра епидемиолошка состојба се уште има во Чешка, Полска и Данска, кои претежно се во зелена боја. Унгарија исто така добро стои.
За потсетување, црвената боја на мапата значи 14-дневна стапка на заразени од 75-200, со позитивно учество од повеќе од 4 проценти, и области каде што 14-дневната стапка на заразени е од 200 до 500, а темноцрвените области каде што стапката од 14 дена на заразени е повисока од 500.
Советодавната епидемиолошка карта на EЦДЦ за Европа се објавува секоја недела врз основа на инциденцата од 14 дена и уделот на позитивните тестови во вкупниот број тестирани.