Корона-протести: Судир меѓу полицијата и противниците на карантинот во Киев (видео)

од Nikola Popovski
239 прегледи

Во Киев дошло до конфликт меѓу припадници на полицијата и демонстранти кои протестираат против ограничувањата на деловните активности воведени поради пандемијата на коронавирус, пренесуваат украинските телевизии.

Демонстрантите, од кои претежно се претприемачи се собрале пред Врховниот суд на Украина за да изразат незадоволство од деловните ограничувања наметнати поради пандемијата. Демонстрантите марширале од парламентот до претседателската канцеларија, по што се собрале на Плоштадот на независноста.

Претприемачите се обиделе да постават голем шатор, по што полицијата ги спречила и им го одзела шаторот. Имал и помал судир меѓу демонстрантите и полицијата, при што билупотребен солзавец. Демонстрантите фрлиле неколку димни бомби кон полицијата.

Според телевизијата „112 Украина“, на еден човек му се слошило и бил пренесен во болница во бесознание.

Прес-службата на Киевската администрација на Националната полиција на Украина објави дека околу 40 полицајци се повредени. Демонстрантите, исто така, наводно користеле пипер-спреј.

Кабинетот на министри на Украина претходно воведе построги ограничувања поради коронавирус, кои ќе важат од 8 до 24 јануари. Покрај тоа, продолжен е националниот карантин и вонредната состојба во земјата.

Слични содржини