КОРОНА ВО ФРАНЦИЈА: Новите видови би можеле да ги затворат училиштата

од Stefanija Kuzmanovska
261 прегледи

Француските власти воведуваат тест на коронавирус од плунка во училиштата од понеделник, со очекување дека тоа ќе ја забрза постапката за утврдување на постоење на инфекцијата. Тестовите ќе се воведат постепено.

Министерот за образование, Жан-Мишел Бланш, на почетокот најави меѓу 50 и 80 илјади тестови, а подоцна ќе се вршат 200.000 тестови неделно.

Засега приоритет ќе имаат учениците во основните училишта.

Иако властите долго време укажуваа на тоа дека училиштата не се место за значително ширење на епидемијата, јасно е дека учениците се, иако во помала мера, вектор на пренесување на болести. Затоа, санитарниот протокол е зајакнат, особено кога станува збор за видовите на ковид 19.

Што се однесува до британскиот вид, сè уште важи правилото целото одделение да биде испратено во домашен карантин, кога ќе се појават три случаи на инфекција, додека наставниците не се сметаат за лице во контакт. Меѓутоа, кога станува збор за јужноафриканската и бразилската варијанта, министерот прецизираше дека само еден случај на овие два вида може да предизвика затворање на целото училиште.

 

Слични содржини