Коронавирусот не стивнува во Русија: Рекорден број на смртни случаи од делта сојот

од Stefanija Kuzmanovska
283 прегледи

Русија објави 23.827 нови случаи на коронавирус и 768 смртни случаи, што е најголем број за еден ден од почетокот на пандемијата.

Русија се соочува со зголемување на случаите на делта варијантата на КОВИД-19, додека вакцинацијата напредува бавно, пишува „Ројтерс“.

Владината работна група за борба против коронавирусот соопшти дека официјалниот број на случаи на КОВИД-19 сега изнесува 5.857.002, а националниот број на жртви се зголеми на 145.278.

Федералната агенција за статистика спроведе посебна проценка и соопшти дека Русија забележала околу 290.000 смртни случаи поврзани со КОВИД-19 од април 2020 до мај 2021 година.

Слични содржини